Стивен Уиткрофт

Причините за советскaта глад од 1946-1947 година


Извор: The Soviet Famine of 1946–1947, the Weather and Human Agency in Historical Perspective. Stephen Wheatcroft. Europe-Asia Studies 64(6):987-1005, 2012.
Превод: Томислав Захов (од англиски)
Онлајн верзија: јануари 2025


Оваа статија ја разгледува општата глад од непосредниот повоен период 1946-1947 година поради проблемите со храната кои ги искуси СССР во Втората светска војна и поради влијанието на временските услови во 1941 година. Се тврди дека времето и природата на екстремните проблеми со храната искусени во оваа глад се во согласност со еден општ модел на советска глад во кој урбаните проблеми со дистрибуцијата на храна во текот на неколку години доведуваат до зголемен притисок врз селанството и општо намалување на залихите, кој кога е комплициран со суша и неуспех на жетвата, предизвикува рурална глад.

Многу аналитичари тврдат дека гладта од 1946–1947 година одговара на општ сталинистички модел во кој Сталин, наводно, ја користел гладта за да го казни селанството во околности кога не биле потребни прекумерни набавки. Доказите разгледани во оваа статија не го поддржуваат таквото тврдење. Спротивно на тоа, подолу се тврди дека времето и природата на екстремните проблеми со храната искусени помеѓу 1941 и 1947 година се во согласност со еден општ модел на советска глад. Како и непосредно по револуцијата и за време на полетот на забрзаната индустријализација една деценија подоцна, неколку години на урбани проблеми со дистрибуцијата на храна за време на Втората светска војна доведоа до поголеми побарувања од селанството и општо намалување на залихите на жито. Ова ја стави земјата во опасна положба кога се соочи со суша и неуспех на жетвата. Ова всушност се случи во 1918-1922 година кога урбаната глад од 1918-1920 година беше проследена со сушата од 1921 година и првата голема рурална глад од 1921-1922 година. Таквиот модел се повтори во 1928-1933 година, кога недостигот на храна од 1928-1931 година во градовите беше проследен со суша во 1931 година и потоа со неуспех на жетвата во 1932 година, што предизвика двогодишна глад која започна во 1931-1932 година и се интензивираше во 1932-1933 година. Како што ќе биде покажано подолу, на општата глад од 1946-1947 година `и претходеа неколку години сериозен недостиг на храна во градовите и глад за време на војната. Ова беше проследено со суша во 1946 година, што резултираше со уште една голема рурална глад од 1946-1947 година.

Статијата започнува со кратко истражување на трудовите во врска со дистрибуцијата на храна за време на војната и општата глад од 1946-1947 година. Потоа критички се испитуваат податоците за производството и снабдувањето на храна за подолгиот период од 1941-1947 година, објаснувајќи ги причините за политичките одлуки донесени неволно од страна на државата за намалување на дажбите за градското население. Деталните метеоролошки податоци потоа се испитуваат за да се преоценат факторите на производство и да се процени веродостојноста на достапните податоци за производството. На крајот, статијата ги разгледува нивоата на достапност на жито за различни сектори од населението, во различни региони, во различни времиња, во обид да се открие природата на проблемите коишто резултираа со општа глад.

Главниот западен наратив за дистрибуцијата на храна во СССР за време на Втората светска војна испушта да ја спомне општата глад од 1946-1947 година, иако ги нагласува ефектите од монетарната реформа од 1947 година врз казнувањето на селанството. Вилијам Москоф ја нагласува очајната ситуација со која се соочило населението во голем дел, но избрзува да тврди дека сите подеднакво ја делеле гладта: „Гладта беше хронична и затоа беше придружена со неухранетост. Немаше ништо селективно во тиранијата од недостиг на храна; мнозинството луѓе го живееја својот живот на работ на смртта во поголемиот дел од војната. Оние кои ја преживеаја војната го направија тоа со силна волја.“ (Moskoff 1990, стр. 220)

Москоф тврди дека селаните прилично добро профитираа од војната, но дека потоа изгубиле голем дел од богатството што го стекнале. За разлика од многу покасни автори, тој не ја гледа руралната глад од 1946-1947 година како механизам со кој се казнувале селаните, туку смета дека монетарната реформа од крајот на 1947 година, по гладта, е таа која ја одиграла оваа улога. Тој наведува дека војната донела:

„предвидлива прераспределба на богатството... од градовите во селата. Недостигот на храна го направи селанското производство на индивидуални парцели уште поважно отколку што беше пред војната... Многу селани релативно се збогатија, хранејќи ги луѓето во градовите. Но, оние што се во искушение да го обвинат селанството за воена грабливост треба да имаат на ум дека властите ги исклучија селаните од системот на рационализирање со ресурсите, добрата и услугите, и ја оставија популацијата на фармери сама да се прехранува. Покрај тоа, повлекувајќи се од одговорноста за прехранување на цивилното население, властите индиректно очекуваа од селанството да помогне во прехранувањето на луѓето во градот. Сепак, по војната, режимот го казни селанството за неговата воена активност. Монетарната реформа во декември 1947 година бараше од целото население да ги замени своите рубљи по стапка од 1:10; огромните парични средства што толку многу селани ги акумулираа за време на војната беа фактички избришани.“ (Moskoff 1990, стр. 238)

Најпознатото дело за советската глад од 1946–1947 година е она што го напиша рускиот историчар В.Ф. Зима (1996, стр. 10). Тој дава наратив во кој „гладта била последица на три важни фактори: повоените тешкотии, сушата од 1946 година и политиката на реквизиција на храна спрема колективните и државните фарми“. Иако овој наратив не е контроверзен, проблематичен е начинот на кој Зима и оние што го следат ја оценуваат релативната важност на овие три фактори. Според мислењето на Зима, „првите два фактори сами по себе беа доволни за да предизвикаат полупрегладнето егзистирање на населението, а тоа беше третиот – реквизицијата на храна – што го направи животот невозможен.“ (Zima 1996, p. 10) Пристапот на Зима овде е прилично упростен во начинот на кој тој претпоставува дека ефектите од различни фактори можат да се соберат заедно. Зима тврди дека советската влада навистина не ги сфатила сериозно проблемите со сушата и странската агресија и само ги користела за свои цели и како изговор да ги казни селаните. Тој пишува:

„Советската влада ја наведе сушата и опасноста од агресија од поранешните сојузници за да предизвика глад со цел да ги зачува резервите на жито и да ги продаде во странство. Освен тоа, гладта се користела за дисциплинирање и поттикнување на трудот активен на колективните и државните фарми, принудувајќи ги фармерите да работат за чинија супа на полињата.“ (Zima 1996, pp. 10–11)

Според Зима, државата имала многу жито во резерва, но претпочитала да ги чува во резерва наместо да ги нахрани гладните селани. Тој тврди дека во 1946-1947 година биле потребни само 11,6 милиони тони жито за внатрешни потреби на државата и дека од тоа останале 5,9 милиони тони, од кои 4,8 милиони тони биле префрлени во државните резерви, а 1,1 милион тони биле извезени. Тој наведува дека „на 1 февруари 1947 година имало 10 милиони тони државни резерви, односно 1,9 милиони тони повеќе отколку во истиот период во 1946 година“. Тој, исто така, тврди дека на 1 јуни 1947 година, количината на неискористени залихи изнесувала 3,6 милиони тони, кои биле префрлени во фондовите за следната година (Zima 1996, р. 29).[1] Со оглед на тврдењата дека имало акумулација на непопуларни залихи и дека на селанството му се одземало житото за да му се одржи лекција, Зима се приближува до тврдењето дека Сталин намерно ја искористил сушата за да предизвика глад. За вистинитоста на овие тврдења ќе се дискутира подолу, особено дали навистина имало „огромни“ неискористени залихи на жито во тоа време.

Дискусијата на Зима за количината на залихите на жито е прифатена некритички од Zubkova (1998), Ellman (2000) и Filtzer (2002), иако тие имаат намера да бидат малку повнимателни во своите проценки за важноста на кусоците и во нивната дискусија околу умислата и евентуално геноцидот. Елена Зубкова пишува:

„Климатските услови и општото абење на застарените земјоделски машини принудија бербата на родот во многу региони да се организира рачно. Како резултат на тоа, житната култура од 1946 година од 39,6 милиони тони беше 7,7 милиони тони помала од онаа во 1945 година и 2,4 пати помала од онаа во 1940 година. Загубите на жетвата, сепак, не беа главната причина за проблемот. „Зборувајќи за тоа, дефицитот од 1945 година“, според В.Ф.Зима, „бил во разумни граници и не даде основа за екстремни мерки со спроведувањето на владината кампања за набавка на жито“ (Zima [1996], р.20). Самите власти придонеле за кризата. Тие се трудеа да избегнат какво било намалување на државните резерви на жито и тоа продолжило со традиционалните методи од доцните 1920-ти; односно барале дополнителни испораки. Тие наложија дополнителни наплати за колективните и државните фарми покрај вообичаениот данок на жито во натура. Како резултат, поголемиот дел од колективните и државните фарми беа принудени да го предадат житото кое обично беше одредено за расподелба меѓу селаните како личен доход. Така државата го остави селото на работ на глад.“ (Zubkova 1998, pp. 40–41)

Елман ги наведува податоците на Зима за производството и набавките, притоа забележувајќи дека податоците се веројатно неверодостојни (Ellman 2000, р.605). Тој тврди дека гладта „се случила во земја управувана од тирански режим кој го третирал руралното население како поразени непријатели кои треба да им плаќаат данок на владетелите“. Тој ги споредува бројките на Зима за производство на жито за 1945 и 1946 година и тврди дека,

Дел од товарот на падот на производството предизвикан од сушата падна на државата (паднаа јавните набавки), но поголем дел падна на селанството (процентуалниот пад на жетвата што остана на располагање на фармите и руралното население беше поголем од процентуалниот пад на јавните набавки). (Ellman 2000, р. 605)

Филтцер се потпира и на објаснувачкиот механизам на Зима:

Кога советскиот режим сфати дека сушата во летото и есента 1946 година ќе доведе до сериозен неуспех на жетвата, избра да се справи со ситуацијата не со ослободување на резервите на храна и одржување на постојните нивоа на потрошувачка, туку со потиснување на потрошувачката со цел да се доведе таа во согласност со намалената жетва. Со текот на времето, применувајќи ја сталинистичката практика, државата практично ги лиши селата од жито, без оглед на ефектот што го имаше тоа врз животниот стандард на селаните. За урбаните жители и работниците во руралните области, нападот врз животниот стандард беше двостран. Во почетокот на септември 1946 година режимот значително ги зголеми цените на рационализираните артикли. Подоцна истиот месец се отпишани од списоците за дажби околу 25 милиони луѓе – главно службеници, сезонски работници и самите работници доколку живееле во рурални места. Намалувањето на пристапот до храна не заврши тука. Фабриките, училиштата за стручно оспособување и институциите за нега (домовите за деца, на пример) ги загубија резервите за дополнителна храна што дотогаш им беше дозволено да ги задржат нивоата на исхрана над минимумот обезбедени со основната рационализација. Во многу претпријатија работниците имаа право да добиваат дополнителни дажби или дури и цели дополнителни дажби во фабричките трпезарии. Овие права на дополнителна храна исчезнаа, со соодветно влијание врз исхраната и здравјето на работниците. (Filtzer 2002, р. 1–2)[2]

Сите овие дела драматично се оддалечуваат од гледиштата на разузнавачката Служба за стратешки услуги (OSS) и западните дипломати, меѓу кои владееше општа изненаденост што Советскиот Сојуз порано не бил совладан од глад.

Nikolai Dronin and Edward Bellinger (2005), во својата студија за последиците од временските услови врз проблемите со храната во Русија, не успеваат да ги искористат податоците од советската архива или да користат директните метеоролошки податоци. Тие во голема мера се потпираат на проценките направени од други, вклучително и мене. Тие тврдат дека малку информации се достапни за воените години и немаат ниту поглавје за периодот 1941-1945 година, иако позитивно ги наведуваат заклучоците на Davies and Wheatcroft (1994) дека сушата за време на Втората светска војна би имала катастрофални последици (Dronin & Bellinger 2005, p. 161). Дронин и Белингер даваат прилично воздржан коментар за трудот на Зима. Тие започнуваат со забелешката дека „иако нашата проценка за билансот на житото во земјата покажува дека ситуацијата е критична, главната теза на Зима е дека гладта можела да се избегне доколку државната политика била похуманитарна“ (Dronin & Bellinger 2005, стр. 167 –68); но наместо да продолжат со критичкиот став, тие изгледа се согласуваат со аргументот на Зима кога тврдат: „Советските власти всушност предизвикаа глад со прекумерните набавки на жито во регионите кои имаа релативно добра жетва – Сибир, Средна Волга и Казахстан. Така, не само што регионите беа погодени од суша, туку и другите региони кои произведуваа жито, настрадаа таа година“ (Dronin & Bellinger 2005, стр. 167–68).

Тие, исто така, некритички ги цитираат официјалните бројки наведени од Зима и го повторуваат тврдењето на Зима дека Советскиот Сојуз располагал со големи резерви на жито во тоа време:

Советскиот Сојуз имаше доволно резерви на жито за да ја избегне големата глад. Ако властите одвоиле 10 милиони тони од своите резерви на жито за гладното население, тогаш . . . гладта од големи размери ќе била избегната. Наместо тоа, ситуацијата се развила според најлошото сценарио. Помошта за храна од државата беше занемарлива и дојде премногу доцна – во јули 1947 година. (Dronin & Bellinger 2005, стр. 167-68)

Нема распит од каде советските власти ќе нашле 10 милиони тони резерви на жито на крајот на исцрпувачката војна во која постојано ги намалуваа резервите на жито.

Неодамнешната книга на Nicholas Ganson (2009) е нешто поискренa во критиката на тврдењето на Зима дека Сталин не успеал да ги искористи овие „огромни“ резерви бидеjќи бил геноциден. Гансон тврди дека:

перспективата усвоена од Зима во својата монографиjа придава примарна важност на последните фази од кризите со храна, фокусираjќи се на непосредните причини за глад и можеби занемарувајќи го нивното подлабоко потекло. Во случајот на советската глад од 1946–47 година, мора да се започне со барање на потеклото на лошата жетва од 1947 година, бидејќи последователните владини активности (како што се намалувањата на рационализирањето во септември 1946 година, различните мерки за помош и продолжувањето на рационализирањето до краjот од 1947 година) беа, тврдам овде, реакција на слабите приноси на жетвата и произлезениот недостиг на жито. (Ganson 2009, p. 5)

За жал, Гансон не продолжува да дава независна анализа на ситуацијата со снабдувањето и резервите на храна за да го поддржи својот аргумент, а најголемиот дел од неговата книга се занимава со анализирање на последиците од гладта.

Подолу, ќе ги разгледам достапните податоци за обемот на производството на жито, бербата, потрошувачката и залихите во периодот од доцните 1930-ти, преку војната и до 1945/1946 и 1946/1947 година. Ќе го испитам и еден од најважните фактори на производство – времето – и ќе видиме колку исклучително и неповолно било времето во овој момент.[3] Ваквиот темелен преглед на овие достапни податоци ќе ни овозможи подобро да го процениме степенот до кој гладта била создадена од човечки фактор и до кој степен можела да се избегне.

Производството на жито

Зима и научниците кои го следеа сите ја користеа официјалната советска статистика за жито што беше ревидирана од Советскиот државен завод за статистика во средината на 1950-тите, откако беше одлучено да се отстрани нарушувањето на биолошкиот принос. Точните процедури што ги користеше Советскиот државен завод за статистика во оваа пракса се нејасни, а резултатите, иако подобри од искривените серии на биолошки приноси што претходеа, сè уште се многу сомнителни во неколку случаи (Wheatcroft 1974; Davies & Wheatcroft 1994, стр. 114 -16).

Вреди да се обидеме малку да разбереме за овие бројки и за различните серии што им претходеле. Владините статистичари беа принудени вештачки да ги зголемат своите проценки за жетвата по 1926 година, а имаше големо искривување на веродостојноста на овие податоци во периодот од 1929-1931 година, кога статистичката служба ја изгуби својата независност и беше инкорпорирана во агенциите за планирање. Од почетокот на 1932 година, Валериан Валерианович Осински (Оболенски), шеф на Централната статистичка управа (Централно Статистическое Управление, ЦСУ) во 1928 година, беше вратен како шеф на новоформираниот Централен оддел за национални економски биланси (TsUNKhU) и се обиде да го врати нивото на статистичка независност и доверливост во сите области, вклучително и во статистиката за жито. Во кризата поради гладта, политичките притисоци за преувеличување на проценката на жетвата повторно се зголемија, а Осински беше принуден да прифати висока проценка на биолошкиот принос. До 1936 година, Осински (шеф на Централниот оддел за национални економски биланси 1932-1935, и шеф на Централниот државен комитет за проценки на жетвата 1933-1936) се обидел да одржи одреден степен на интегритет во своите бројки и инсистирал дека неговите проценки на биолошкиот принос треба да се намалат со одреден фактор за да дадат објаснување на загубите во жетвата, но во 1937 година истрагата на Комитетот за државна контрола спроведена од Николај Алексеевич Вознесенски ја осуди оваа практика како штетна и предложи чиста проценка на биолошкиот принос.[4]

По 1937 година, секторот за материјални биланси во рамките на Централниот оддел за национални економски биланси продолжи да прави низа проценки за производството и потрошувачката на жетвата, што вклучуваше прилично големи загуби при бербата и складирањето. Овие бројки добија безбедносна класификација и беа подготвени со цел да ги водат носителите на одлуки од највисоко ниво. Нема причина да се сомневаме дека овие бројки биле намерно искривени за да се усогласат со политичките или пропагандистичките потреби на тоа време, и секако нема причина да се отфрлат во корист на попознатите официјални проценки на биолошкиот принос од тоа време, или подоцните официјални пресметани серии на принос на амбарите.

Во 1946 година, ревидираните чисти проценки на биолошката жетва дадоа индикации за многу ниска жетва. Овие на крајот беа искористени (и по одредено одложување, како што е дискутирано подолу) за ревидирање на плановите за укинување на рационализирањето и за намалување на централниот план за жито.

Иако Сталин ја прифати оваа ревизија во тоа време, тој подоцна го критикуваше Централното статистичко биро (TsSU, повторно воспоставена од TsUNKhU во 1948 година) дека дозволило да се направат толку ниски проценки, поради што тој нареди уште една ревизија на механизмот за проценка на жетвата (Zima 1996, рр. 29–31). Ова дополнително ги преувеличи оперативните бројки од 1947 до средината на 1950-тите. Ревидираните официјални бројки кои беа прифатени од средината на 1950-тите и кои го отстранија нарушувањето на биолошкиот принос беа несомнено големо подобрување во однос на официјалните бројки користени помеѓу 1947 и средината на 1950-тите. Сепак, во никој случај не е јасно како тие се супериорни во однос на пресметковните бројки (нето загубите) кои тогаш беа пресметани во голема тајност од страна на Централното статистичко биро.

Официjалната серија на производство на жито што jа користеа Зима и повеќето историчари претставува ниво на пад на производството на жито за време на војната а во 1946 година тоа е многу поголемо од она што го даваат овие податоци за билансот. Тие тврдат дека има пад од околу 10 отсто поголем од оној што е наведен во современите проценки на биолошките и амбарските приноси (види Табела 1 подолу).

ТАБЕЛА 1
Производство на жито во милиони тони во 1940–1947, засновано на различни методи и извори на проценка
Биолошка жетва Жетва по амбар
(а) (б) (а) (б) Официјално
1940 108.2 118.8 93.7 106.3 95.6
1941 75.2 61.2 55.9
1942 55.1 41.0 29.7
1943 46.4 34.9 29.4
1944 68.7 58.4 49.1
1945 68.4 68.4 52.3 55.7 47.3
1946 62.5 62.5 46.3 51.5 39.6
1947 98.5 98.5 67.2 82.0 65.9
1946/40 58% 53% 49% 48% 41%
1946/45 91% 91% 89% 93% 84%
1947/46 158% 158% 145% 159% 166%

Извори: (a) Сектор на Централното статистичко биро за податоци на материјални биланси за 1948: RGAE, fond 1562, opis 329, delo 3110, pp. 5–30. (b) Сектор на Централното статистичко биро за податоци на материјални биланси за 1954: RGAE, fond 1562, opis 3, delo 1098, pp. 8–58. Официјален извор: Советски серии од доцните 1950-тите: Selskoe (1988, p. 10) и Narodnoe (1959, p. 294).

Додека одреден степен на несигурност останува во врска со тоа коjа сериjа на податоци треба да бидe прифатена, сериите за билансот на жито кои беа прифатени од страна на службените специјалисти во тоа време, не треба веднаш да се отфрлат. Вреди да се напомене дека современите разузнавачки експерти мислеа дека Советскиот Сојуз се соочи со неизбежна глад, кога се веруваше дека има 10 милиони тони жито повеќе отколку што подоцните официјални бројки покажаа.[5]

Да го погледнеме нивото на ожнеано жито, потрошувачката и залихите за овие години. Различните бројки достапни од различни серии се наведени во Табела 2 подолу.

ТАБЕЛА 2
Набавки на жито во милиони тони, проценки од два извори
По календарска година По пресметковна година за жито
Комитет за собирање на земјоделски производи 1 План % исполнетост Комитет за собирање на земјоделски производи 2 Биланс 1 Биланс 2
1937 31.9 31.0 103.1 1937/38 33.1 32.4
1938 29.1 31.3 93.0 1938/39 32.3 29.4
1939 30.9 37.9 81.6 1939/40 34.5 31.3
1940 36.4 39.2 92.9 1940/41 41.1 37.2 37.0
1941 24.3 36.7 66.2 1941/42 32.0 20.2
1942 12.4 22.8 54.5 1942/43 18.3 13.1
1943 12.1 19.7 61.3 1943/44 14.5 8.6
1944 21.1 24.2 87.0 1944/45 26.4 20.0
1945 19.5 23.7 82.3 1945/46 24.7 18.9
1946 17.0 21.6 78.7 1946/47 21.6 18.0
1947 26.9 26.9 100 1947/48 29.8 28.1

Извори: Комитет за собирање на земјоделски производи 1 = Комитет за собирање на земјоделски производи варијанта 1: RGAE, fond 8040, opis 8, delo 360, pp. 65–69; Комитет за собирање на земјоделски производи 2 = Комитет за собирање на земјоделски производи варијанта 2: RGAE, fond 8040, opis 8, delo 360, pp. 44–45; Биланс 1 = Биланс на Централното статистичко биро за сточна храна варијанта 1: RGAE, fond 1562, opis 329, delo 3110; Биланс 2 = Биланс на Централното статистичко биро за сточна храна варијанта 2: RGAE, fond 1562, opis 3, delo 739.

Бројките дадени од агенциите за берба се значително повисоки од оние коишто се дадени во тајните биланси на жито, особено во периодот помеѓу 1941–1942 и 1946–1947 год., но и двете покажуваат намалување на државните залихи на жито, било од 24,7 милиони тони во 1945-1946 година на 21,6 милиони тони од организациите за берба, или од 18,9 милиони тони во 1945–1946 година до 18,0 милиони тони во 1946–1947 година од билансните податоци.

Државни резерви на жито, производство, берба и потрошувачка: зошто прехрануваното население мораше да се намали

Табела 3 го прикажува нашето моментално разбирање на обемот на државните резерви на жито што се чуваат во цивилниот сектор во милиони тони. Дополнителни залихи и резерви на жито беа несомнено поседувани од војската и безбедносните сили за своја употреба. Како овие бројки се поврзани со тие на Зима?

ТАБЕЛА 3
Цивилни залихи на жито кои ги задржува државата на 1 јули и 1 јануари секоја година во милиони тони
Цел
1 јули
Транзиција
1 јули
Недопирлив фонд
1 јули
Цел
1 јануари
План
1935/1936 6.17 3.99 2.18 21.2
1936/1937 9.42 6.94 2.48 18.7
1937/1938 5.45 3.88 1.57 17.5
1938/1939 7.75 6.43 1.32 17.9
1939/1940 6.07 4.01 2.06 15.7
1940/1941 5.05 20.5
1941/1942 6.36 16.6
1942/1943 9.41 11.1
1943/1944 5.24 7.6
1944/1945 2.98 14.2 13.3
1945/1946 6.27 15.4 14.5
1946/1947 5.7 11.8 10.4*
1947/1948 3.28 17.8 16.6
1948/1949 7.39

Забелешка: бројката на планот од 1 јануари за 1946 година беше дадена како 6,8 милиони тони без 3,6 милиони тони државни резерви. Тие се додадени заедно во податоците погоре.

Извори: сите: освен од 1 јули 1935 и 1937: RGAE, fond 8040, opis 8, delo 360; целиот 1 јули: 1935 од Kleiner, GARF, fond 5446, opis 26, delo 84, pp. 29–34; целиот 1 јули: 1937, GARF, fond 5446, opis 23, delo 1292, pp. 3, 13; целиот 1 јануари (P): податоци од Popov’s PhD thesis (1996) цитирано од Ellman (2000, p. 606). Преодните залихи: 1935–1936, 1938–1939: RGAE, fond 1562, opis 3, delo 739; 1937: GARF, fond 5446, opis 23, delo 1292; 1937 планирани неприкосновени резерви: Kleiner, GARF, fond 5446, opis 26, delo 84, pp. 29–34.

Зима е во право кога вели дека имало околу 11,6 милиони тони жито што ги чувале државните агенции за набавки на 1 јануари 1947 година (Табела 3 погоре покажува 11,8 милиони тони), но не е во право кога сугерира дека ова е огромна сума. Наместо овој износ да биде за 1,9 милиони тони поголем од претходната година, всушност тој беше за 3,6 милиони тони помал.

Зима наведува дека одредена количина на жито останала во системот на крајот на периодот 1946-1947 година, а според бројките погоре имало 3,3 милиони тони на 1 јули 1947 година, што е компатибилно со бројката на Зима од 3,6 милиони тони за 1 јуни 1947 година, но повторно Зима греши во тоа како го толкува ова. Додека Зима тврди дека ова претставува огромна количина на неискористени залихи, јас би тврдел дека претставува опасно ниско ниво и како такво беше толкувано од сите специјалисти во тоа време.

Државните резерви на жито традиционално беа класифицирани како преодни оперативни резерви и како недопирливи или неприкосновени резерви (неприкосовий/неп фонды). Иако конвенционалниот пресметковен период за снабдување со жито беше од 1 јули до 30 јуни, ова беа прилично произволни датуми. Бербата се одвиваше во различни периоди во различни делови на земјата и во одредени години, a во зависност од временските услови, бербата може значително да се одложи. Планерите и трговците со жито набрзо открија дека одредена количина жито од жетвата од претходната година ќе биде потребна во раните фази на следната жетварска година, пред житото од таа жетва да стане достапно. Тоа беа таканаречените преодни залихи на жито кои беа потребни едноставно за да се спречи системот да остане без жито на одредени места. Минимална потреба од преодни залихи на жито би се дефинирало како одржување на системот да работи најмалку половина месец до 15 јули. Со оглед на тоа што вкупните берби и потрошувачка на жито беа околу 24 милиони тони во 1933 година и 41 милион тони во 1940-1941 година, зборуваме за 1-1,5 милиони тони како минимална преодна залиха, двапати или повеќе од трипати од таа како претпочитана преодна залиха.

Дополнително, во случај на војна имало потреба од одредена количина недопирливи резерви за цивилното население. Имало голем и разбирлив страв од прекини на цивилното снабдување со храна во случај на војна. Се претпоставувало дека во случај на голема војна транспортниот систем ќе треба да се пренасочи кон воена употреба на барем три месеци. Затоа беше поставено како идеално да се има на располагање на барем три месеци резерви на клучните позиции во системот за цивилно снабдување за да се избегнат такви нарушувања. Во раните 1930-ти, овие неприкосновени резерви беа познати и како мобилизациски фондови (мобфонды) и имаше цел да се воспостават такви резерви од околу 2,6 милиони тони и овие бројки се појавија во некои планови за залихи на жито. Меѓутоа, со гладта во раните 1930-ти, овие резерви никогаш не беа постигнати, иако владата презеде чекори за да го прикрие својот неуспех во овој поглед (Davies et al. 1995, рр. 642-57).[6] Во 1937 година, планираниот размер на неприкосновени резерви се зголеми на 5,5 милиони тони, но поради лошата жетва од 1936 година беше собрано помалку од една третина од планираното. Се чини дека вкупното ниво на државни залихи на цивилно жито го достигна својот врв во 1936 година во пресрет на слабата жетва од 1936 година со 9,4 милиони тони, а потоа падна во доцните 1930-ти и остана релативно ниско на 5-6 милиони тони во 1939, 1940 и 1941 година.

И покрај германската инвазија во 1941 година, а можеби и како директна последица на нејзиното одложување до крајот на јуни, беше собрана голема количина на жито во 1941 година (32 милиони тони). Како резултат на понатамошното напредување на Германија во текот на есента, оваа сума на собрано жито сега мораше да нахрани значително помала популација од вообичаено, и како последица на тоа, резервите на жито всушност пораснаа во текот на оваа катастрофална година. Тие пораснале за околу 50% од 6,4 милиони тони во јули 1941 година на 9,4 милиони тони во јули 1942 година. Следните години забележан е голем пад во производството на жито и во државните собрани количини (од 32 милиони тони во 1941-1942 година на 18,3 милиони тони во 1942-1943 година и 14,5 милиони тони во 1943-1944 година).[7] Како резултат на оваа затегната ситуација, залихите на крајот на годината паднаа од 9,4 милиони тони во јули 1941 година на 5,2 милиони тони во јули 1943 година на ниско ниво од нешто помалку од 3 милиони тони во јули 1944 година.

До 1944 година поголем дел од окупираната територија на Советскиот Сојуз беше повторно под советска контрола и набавките на жито се зголемија за над 10 милиони тони од 14,5 милиони тони во 1943-1944 година на 26,4 милиони тони во 1944-1945 година и 24,7 милиони тони во 1945-1949 година. Цивилните резерви на жито соодветно пораснале од 3 милиони тони во јули 1944 година на 6,3 милиони тони во јули 1945 година и 5,7 милиони тони во јули 1946 година.

Токму во овој момент се појави суша, која значително ја намали жетвата од 1946 година во споредба со жетвата од 1945 година и предизвика набавките на жито да паднат за речиси 20% или 5 милиони тони во 1946-1947 година во споредба со 1944-1945 година (од 26,4 милиони на 21,6 милиони тони). Како што ќе видиме подолу, сепак, во тоа време побарувачката за централно собраното жито значително порасна и едноставно немаше начин житото да ја задоволи побарувачката без големи намалувања.

Тврдењето дека советската влада одземала повеќе жито од селаните за да акумулира големи резерви едноставно не е поткрепено со докази. Собраните количини на жито опаднаа за 5 милиони тони, а нивото на цивилните резерви на жито што ги чуваше државата опадна за речиси 3 милиони тони (речиси половина) во споредба со бројките од јули 1945 година. Резервите на жито на 1 јули 1947 година на крајот на гладта беа само 3,3 милиони тони во споредба со нивото од 5,7 милиони тони во јули 1946 година и 6,3 милиони тони во јули 1945 година. Мора да се признае дека ова беше малку поголема бројка од ниските државни залихи од 3 милиони тони за јули 1944 година, но таа беше исклучително ниска со оглед на поголемата површина и населението што требаше да ги покрие, нормалните преодни потреби на системот, зголемувањето на побарувачката за собраното жито и дополнителните проблеми со транспортот. Како што ќе видиме во следните делови, ситуацијата во 1947 година генерално беше полоша отколку во 1944 година, бидејќи нивото на залихите што ги чуваа производителите беше несомнено многу пониско, но пред да го разгледам ова, ќе ги испитам податоците за големината на прехрануваното население и ќе го опишам сложениот начин на кој е донесена одлуката за намалување на бројот на луѓе кои добиваа дажба.

Прехрануваното население: неговата големина и одлуката да се одложи укинувањето на рационализирањето во 1946 година

Големината на прехрануваното население се зголеми за време на војната од 61,8 милиони во декември 1942 година на 80,6 милиони во декември 1945 година (види Табела 4). Во февруари 1946 година, Сталин претпоставуваше обилна жетва и вети дека рационализирањето на лебот ќе биде укинато во текот на годината. Дури на 12 јуни 1946 година, министерот за земјоделство Иван Бенедиктов сè уште тврдеше дека „зголемувањето на земјоделското производство ќе овозможи отстранување на рационализирањето на лебот, брашното, житарките и макароните во 1946 година и за сите други производи во 1946 и 1947 година.“[8]

ТАБЕЛА 4
Број на население кое добива дажби во милиони
Урбано
Вкупно Директно ограничување Затворени продавници Рурално
декември 1942 61.8 41.0 2.1 20.8
декември 1943 67.7 43.2 1.4 24.5
декември 1944 74.0 48.4 1.2 25.6
декември 1945 80.6 53.8 1.0 26.8
септември 1946 87.8 59.8 1.0 28.1
декември 1946 59.1 55.1 0.9 4.0
декември 1947 62.8 56.3 1.0 6.6
Извор: RGAE, fond 1562, opis 41, delo 239, p. 222.

Извор: RGAE, fond 1562, opis 41, delo 239, p. 222.

Сепак, до почетокот на jули 1946 година, изгледите за добра жетва и непречен трансфер на пазарот се менуваа. Амбасадата на САД во Москва го извести Вашингтон со телеграма на 9 јули дека:

Изгледите за жетвата од 1945 година наведени во EMTEL 1852 од 15 јуни 1946 година, значително се влошија во изминатите 24 дена поради топлото време и недоволните дождови, особено во Москва, Рјазањ и југот преку појасот на црната земја. Ова е делумно неутрализирано со подобрениот изглед во некои други региони. Вкупниот принос на жито во СССР од 9 јули е веројатно не подобар од просекот и е веројатно полош.[9]

Во рамките на советската влада Борис Двински, министер за набавки, алармираше и му напиша на Анастас Иванович Микојан (заменик-претседател на Советот на министри на СССР и член на Политбирото со директна одговорност за трговија и набавки) на 16 јули 1946 година и сосема искрено изјави дека „неуспехот на жетвата во Централниот црноземски регион, во делови од Украина, Молдавија и Крим ќе бара од нас да го намалиме државниот план за собирање жито и дека тоа ќе има ефект врз потрошувачката.“[10] Двински изјави дека иако не му беше задача да ги намали трошоците, тој беше загрижен дека Државниот комитет за планирање (Госплан) не правеше ништо. Како што ќе видиме подолу, размерот на рационализирањето всушност се зголемуваше во ова време. Двински предложи низа мерки што требаше да бидат преземени за намалување на потрошувачката на жито и генерирање дополнително жито,[11] и тој побарал од Микојан да го извести Сталин за неговата длабока загриженост. Микојан побарал Двински да дојде да го види, но се чини дека не му ја пренел пораката на Сталин, барем не со некаков степен на итност.

На 29 август Президиумот на Врховниот Совет на крајот објави декрет најавувајќи одложување на укинувањето на рационализирањето кој гласеше вака: „Поради сушата во некои области на СССР и намалувањето на државните резерви, Президиумот на Врховниот Совет донесе декрет за прифаќање на петицијата на Советот на министри на СССР за одложување на укинувањето на рационализацијата од 1946 до 1947 година.“[12]

Една недела подоцна, на 6 септември, Политбирото конечно укажа на избрана група партиски и државни лидери дека продолжувањето на рационализирањето ќе биде придружено со сериозно (два до три пати) зголемување на цената на рационализираната храна,[13] но не беше направена промена во големината на прехрануваното население, кое сега порасна од 80,6 милиони во декември 1946 година на 87,8 милиони во септември 1946 година (види Табела 4).

Следниот ден Двински напиша второ писмо и овоj пат го испрати директно до Сталин. Со нивото на рационализирање највисоко досега, зголемувањето на цената на дажбата немаше да го реши недостигот на очекуваните собрани количини. Оваа опасна ситуација му беше многу јасна на Двински (кој не беше директно одговорен за распределбата на житото), иако другите високи функционери, како Микојан и Вознесенски (кои во Госплан и Советот на министри беа одговорни за распределбата на житото) одбиваа да се соочат со ситуацијата.

Повторно, Микојан му рекол на Двински да не се грижи и беше потребно трето писмо до Сталин две недели подоцна на 23 септември[14] за конечно Сталин и Политбирото да сфатат дека нешто треба итно да се направи за да се усогласат обврските кон имателите на дажби со количината на собраното државно жито.

Во октомври Сталин им рекол на Вознесенски, Андреј Александрович Жданов и Николај Семенович Патоличев да ги спроведат сите предлози на Двински и да го заобиколат Микојан, „на кого не може да му се верува по ова прашање“. До крајот на годината, бројот на луѓе на дажби е драстично намален за речиси една третина, за 28 милиони од 87,8 милиони на 59,1 милиони. Голем дел од ова намалување беше кај руралното население каде прехрануваното население опадна од 28 милиони на 4 милиони, и кај бројот на сезонски работници кои беа намалени од 13,4 на 8,3 милиони. Бројот на работници на дажби всушност се зголеми од 28,2 милиони на 29,2 милиони.[15]

Во овие околности, очигледно е неодржливо тврдењето дека Сталин и Политбирото непотребно го префрлале товарот врз селанството со одржување на високи набавки. Наместо да се зголемат набавките на жито во 1946 година од 25 милиони тони на 30 милиони тони, нивото падна на 21,6 милиони тони, значително пониско од нивото од 26 милиони тони во 1944 година или 25 милиони тони во 1945 година. Групата која беше најранлива во овие околности беа руралните работници кои претходно добивале дажби, наместо селаните кои никогаш не добивале дажби. Сега да погледнеме што се случувало на село и колку резервно жито останало во фармите.

Резерви на жито што се чуваат на фармата

Според билансите на сточна храна на Централното статистичко биро, залихите што се чуваат на крајот на годината од производителите беа ниски 3,1 милиони тони на крајот од катастрофалната година на неуспешна жетва од 1936–1937 година, види Табела 5 подолу. Иако 3,1 милиони тони може да изгледа голема бројка за резервите на производителите, тоа е всушност доста ниска бројка. Како што е објаснето погоре, треба да се покрие барем 15-дневен преоден период од околу 2,5 милиони тони и вистинска резерва би требало да биде најмалку еден милион тони покрај ова.

ТАБЕЛА 5
Залихи на жито чувано од производителите во селата на 1 јули секоја година во милиони тони според две различни групи податоци
Проценка 1 Проценка 2
1937 3.1
1938 16.2
1939 9.8
1940 5.0 5.3
1941 3.9
1942 3.3
1943 2.0
1944 1.9
1945 1.7 2.5
1946 1.9 2.7
1947 1.3 1.8
1948 2.4 2.9
1949 6.4
Извор: RGAE, fond 1562, opis 41, delo 239, p. 222.

Извор: RGAE, fond 1562, opis 41, delo 239, p. 222.

По рекордната жетва од 1937 година, резервите на крајот на годината пораснале на огромни 16,2 милиони тони. Во следните години тие опаднале на 3,9 милиони тони во јули 1941 година, кога изби војната. И покрај екстремните мерки за штедење во воените години, нивото на резервите на крајот на годината постојано паѓало низ војната до ниво од 1,7 милиони тони на 1 јули 1945 година. Во жетварската 1945/1946 година состојбата со храната сè уште била многу напната, но според билансите на Централното статистичко биро на крајот од годината селаните биле способни да ја подобрат својата положба и нивното ниво на залихи на жито всушност се зголеми од 1,7 милиони тони на 1,9 милиони тони според една група бројки и од 2,5 до 2,7 милиони тони според алтернативните серии (види проценка 2 во Табела 1). За време на истиот период, како што веќе забележавме погоре, државните резерви на жито паднаа за повеќе од половина милион тони од 6,3 милиони тони на 1 јули 1945 година на 5,7 милиони тони на 1 јули 1946 година.

Во следната сушна година, како резултат на кусоците, дојде до големо намалување на залихите на жито што ги чуваат селаните за околу една третина од 1,9 милиони тони до 1,3 милиони тони или од 2,7 до 1,8 милиони тони во проценката 2; и повторно, спротивно на сликата претставена од Зима, падот на државните резерви на жито беше многу поостар, од 5,7 милиони тони во јули 1946 година на 3,3 милиони тони во јули 1947 година (види Табела 3). Овие залихи не беа доволни за покривање на преодниот рок, а камоли да обезбедат некакви резерви. Очигледно имало голем недостаток во селата, а оттука и гладта.

По гладта дојде до нагло закрепнување со двојно зголемување на залихите од јули 1947 до јули 1948 година.

Јасно е дека за времето на гладта државата се соочувала со вистински недостиг на жито и дека не создала криза со цел да го дисциплинира или казни селанството. Како одговор на оваа криза, државата навистина го намали своето ниво на резерви на многу ниски нивоа. Во следниот дел ќе разгледаме колку кризата беше последица на државната политика и колку други фактори како временските услови и недостигот на влечна сила беа важни?

Времето

Во 1946 година, воениот новинар Александар Верт потврдува дека сушата од 1946 година била најлошата суша од 1891 година.

Вниманието ни беше привлечено од почвата која беше исушена и испукана од страшната суша, и од пченицата која порасна едвај еден сантиметар над земјата, а веќе стануваше кафеава од топлината и отсуството на дождови. Тоа беше почеток на големата трагедија предизвикана од сушата во 1946 година, најлошата суша што Русија ја искуси од 1891 година. Селаните беа намуртени и незадоволни. (Werth 1971, рр. 151–52)

Во 1950-тите, водечкиот советски експерт за суша, А.И. Руденко, направи истражување за сушите во претходните 75 години од 1880 до 1955 година, додека сушата од 1946 година беше изедначена со 1951 година како втора полоша суша, зад 1954 година која беше наведена прва. На оваа листа, 1950 година се појавила четврта, 1921 година била петта и 1891 година шеста (Rudenko 1958, рр. 162–71).

Дали има други податоци кои ги потврдуваат или побиваат овие рани проценки? Детални дневни метеоролошки податоци сега се достапни за 263 станици низ СССР за овој период, што ни овозможува да потврдиме колку е исклучителна сушата од 1946 година во овие години.[16] Подолу, ги нудам резултатите од краткото истражување на податоците за две метеоролошки станици во Киев во Украина и во Октомвриски Городок (блиску до Саратов) во Волга. Овие две станици се избрани затоа што се во центарот на различни региони на производители и имаат прилично континуирана покриеност. За големите континентални земји далеку од морињата и големите планински масиви, временските услови во соседните региони имаат тенденција да бидат прилично слични, и вообичаено е да се користат синоптички методи за приближување на временските услови во пошироките региони.

Пред да ги погледнеме овие податоци, треба да бидеме свесни за некои од начините на кои суровите временски услови влијаеле на растот на растенијата во различни периоди и на различни места. Постојат различни видови на суша, кои имаат различни ефекти во различни региони во различно време. Фенолошкото датирање е важно за проценка на критичниот период на цветање на зрното во јуни, а потоа и на условите на зреење на зрното во јуни и јули. Топлинскиот стрес и отсуството на влага се најзначајни за периодот на цветање кога се претпочитаат ниски температури. Топлината е помал проблем во подоцнежната фаза на зреење, а вишокот на влага е штетен за периодот на жетва во јули.

Во услови на недостиг на влечна сила, сеидбата би се случила подоцна од нормалното, а тоа би било неповолно, бидејќи целиот процес на раст, а особено цветањето на житото, ќе биде одложен. Ова значи дека критичните периоди на раст исто така ќе бидат одложени до крајот на годината, кога вообичаено ќе биде времето потопло. Ова би ја направило многу поголема веројатноста критичните периоди да се совпаднат со штетното топло време.

Времето во Киев и Украина

Температурите во мај и јуни во Киев и во поголемиот дел од Украина беа пониски од вообичаените за сите воени години; тоа значи дека имало поволни температури. 1946 година беше одбележана со посебна промена (види Табела 6). Во 1946 година, топлoтен бран започна рано и траел цело време низ циклусот на растење. Температурите во април биле 1,9 степени целзиусови над нормалата, температурите во мај биле повисоки за 1,3 степени, а јунските температури достигнале колосални 3,1 степени над нормалата (21,3 степени во споредба со просекот од 18,3 степени).

ТАБЕЛА 6
Месечни просечни температури во Киев над долгорочниот просек (С)
1940 1941 1942 1943 1944 1945 1946
Јануари -5.5 -4.1 -9.1 -3.8 3.7 -2.0 0.3
Февруари -4.7 1.9 -3.6 1.9 3.0 -0.9 1.2
Март -3.1 -1.2 -6.3 1.1 0.6 0 0.6
Април -2.1 -0.3 -2.9 1.9 -2.5 -0.7 1.9
Мај -0.8 -3.8 -1.5 -2.6 -1.7 -2.3 1.3
Јуни 0.8 -2.2 -2.3 -0.2 -0.7 -1.0 3.1
Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Во текот на 84 години за кои се достапни записи (1881–1964) имало само 15 години со просечни јунски температури од над 20 степени и само четири со просечни температури над 21,3 степени (види Табела 7).

ТАБЕЛА 7
Години со просечни температури над 20С во јуни во Киев
Година Температура Ранг Интервал (години)
1885 20.1 13
1892 21.3 5.0 7.0
1901 22.2 2.0 9.0
1905 20 14 4.0
1906 20 14 1.0
1910 20.6 10 4.0
1917 20.4 11 7.0
1924 21.9 3.0 7.0
1927 20.3 7.0 3.0
1946 21.3 5.0 19
1953 21 7.0 7.0
1954 21.9 3.0 1.0
1956 21 7.0 2.0
1961 20.3 12 5.0
1964 22.3 1.0 3.0
Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Сушата од 1946 година е на петтото место по сериозност во однос на просечните jунски врнежи. Сепак, не е важно само нивото на температурата, туку и фреквенцијата со која биле искусени таквите температури. Исклучителна карактеристика за високите температури од 1946 година во јуни беше тоа дека тие дојдоа по многу долг период од 19 години кога температурите беа во просек помалку од 20 степени. Ова беше пауза по повеќе од двојно подолг период на други, релативно студени периоди. Сега, да ги погледнеме врнежите во Киев во овие години (Табела 8).

ТАБЕЛА 8
Просечни месечни врнежи (mm) во Киев
1940 1941 1942 1943 1944 1945 1946
Јануари 48.0 24.6 52.1 71.8 24.6 60.1 22.4
Февруари 91.7 69.9 34.7 13.5 63.1 26.5 31.3
Март 26.1 48.7 37.2 6.3 86.4 20.5 24.3
Април 82.5 62.4 63.0 27.4 89.0 13.2 15.4
Мај 54.2 97.6 56.2 65.3 43.2 57.4 75.2
Јуни 25.9 61.8 81.6 68.7 50.4 25.1 28.9
Јули 80.3 118.0 72.1 100.5 44.2 59.0 99.2
Август 65.4 60.2 5.7 19.6 53.8 65.6 30.3
Септември 76.8 н.п. 14.8 н.п. 2.4 19.9 43.5
Октомври 54.5 н.п. 22.3 н.п. 11.4 27.8 51.3
Ноември 38.5 н.п. 8.1 н.п. 96.3 20.8 57.6
Декември 35.1 н.п. 15.7 40.6 15.0 21.0 14.9
Годишно 379.0 н.п. 463.5 н.п. 579.8 416.9 494.3
Април-Јуни 162.6 221.8 200.8 161.4 182.6 95.7 119.5
Извор: составена од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Од податоците презентирани во Табела 8 може да се види дека врнежите во Киев од пролетта до почетокот на летото во 1946 година беа релативно ниски, но не и исклучително ниски. Акумулираните врнежи во 1946 година за април-јуни беа 119,5 mm или 70% од долгорочниот просек. Тоа беше пониско отколку за сите воени години, освен 1945 година, што можеме да видиме од Табела 6 дека тоа беше релативно свежа година. 1946 година беше исклучителна во комбинирањето на потопла отколку нормална температура со пониски отколку нормални врнежи.

Во текот на 84 години од 1880 до 1964 година имало само 14 години во кои акумулираните врнежи во текот на април-јуни биле пониски од нивото од 119,5 mm во 1946 година; и во овие 14 години имало само уште една година, 1910 година, кога јунските температури биле над 20 степени. Температурата во јуни 1910 година била 20,6 степени (малку пониска од 21,3 степени во јуни 1946 година) и таа беше придружена со просечни врнежи од 99,7 mm во април-јуни 1910 година, наспроти 119,5 mm во 1946 година.

Така, за Киевската област, 1946 година беше веројатно една од двете полоши жетварски години, ако не и најлоша за целиот период 1880-1964, и таа дојде по извонредно долг период на релативно поволни временски услови.

Времето во Саратов и Волга

Во Саратов гледаме слична неповолна шема, иако овој регион имаше многу поредовни периоди на суша во 1920-тите и 1930-тите. Просечната јунска температура во 1946 година била 2,4 степени над долгорочниот просек од 21,2 степени и ова беше убедливо најтоплиот јуни во блиското минато (Табела 9). Јунските температури повторно биле исклучително свежи во текот на војната. Всушност, последен пат кога јунската температура го надмина ова ниво било за време на сушата од 1936 година кога достигна 21,9 степени.

ТАБЕЛА 9
Месечни просечни температури во Саратов над долгорочниот просек (С)
Долгорочен просек 1939 1940 1941 1942 1943 1944 1945 1946
Јануари -12.3 -1.3 -9.1 -2.9 -7 -5.5 н.п. -3.6 1.6
Февруари -12 2 -3.4 1.7 -4.4 -0.5 н.п. -5.7 6.8
Март -6.1 -1.3 -0.2 -1.3 -5.5 -1.8 4.4 -0.9 0.6
Април 5.3 -0.2 0.1 -1.5 -4 3.2 0.5 -2.2 -0.8
Мај 14.3 0.3 -2.6 -4.7 -1 1 0.2 -5.4 0.4
Јуни 18.8 1.7 -1.9 -4.3 -2.6 -0.6 -2.4 -1.8 2.4
Извор: составена од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Единствените години за кои е евидентирано дека ги надминале јунските температури од 21,9 во 1946 година биле 1901, 1912, 1924, 1936 и 1948. Сепак, треба да се забележи дека нема податоци за јуни 1921 година, кога веројатно и температурата го надминала ова ниво.

Слично на ситуацијата во Украина, топлото време во јуни 1946 година било придружено со пониски од нормалните врнежи (види Табела 10). Врнежите во април-јуни 1946 година во Саратов биле 78,9 mm или 73% од долгорочниот просек.

ТАБЕЛА 10
Месечни врнежи во Саратов (mm)
1940 1941 1942 1943 1944 1945 1946
Јануари 14.7 13.8 23.5 11.6 н.п. 5.1 12.5
Февруари 11.4 29.4 6.3 5 н.п. 2.3 18.6
Март 17 15.4 10 6 24.9 16.1 16.5
Април 26.9 13.9 29.5 9.9 17.7 14.4 28.7
Мај 17.9 70.8 46.2 50.2 140.1 132.1 36.9
Јуни 65.5 75.5 103.5 8.4 46.3 62.5 13.3
Јули 30.1 47.7 62.2 39.6 45.8 65.2 56.6
Август 1.8 65 8.7 55.9 49.9 68.2 10.5
Септември 80.5 29.3 7.6 5.1 9.2 45.5 52.5
Октомври 47.1 115.1 14 3.2 4.1 31.4 10.2
Ноември 26.5 26 28.3 53.3 37.1 29.2 20
Декември 15 18.4 30.9 4.4 5.1 15.8 10.2
Годишно 354.4 520.3 370.7 252.6 н.п. 487.8 286.5
Април-Јуни 110.3 160.2 179.2 68.5 204.1 209 78.9
Извор: составена од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Имало 27 случаи на пониски врнежи од овие во периодот од 110 години од 1880 до 1990 година и тука беа вклучени сите пет други случаи каде што јунските температури беа над нивото од 1946 година (Табела 11). Исто така, веројатно е дека времето во сушната 1921 година ќе треба да се додаде на оваа листа.

ТАБЕЛА 11
Години во кои јунските температури во Саратов надминале 20 степени С
и врнежите во април-јуни биле под 78.9 mm
Tемператури во јуни (С) Врнежи во април-јуни (mm)
1901 23.5 64.4
1912 22.8 54.0
1924 24.2 13.5
1936 21.9 56.7
1946 21.9 78.9
1948 23.6 42.6
Извор: составена од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Извор: составенa од податоци од Razuvaev et al. (2007).

Значи, за Саратов во Волга, 1946 година несомнено беше многу лоша жетварска година, но не исклучително лоша со оглед на неодамнешните искуства од 1921, 1924 и 1936 година. Времето во однос на факторите на суша беше можеби шестото најлошо досега забележано, во споредба со можеби најлошото досега за овие показатели во Киев. Генерално не може да има сомнеж дека земјата се соочила со исклучително тешки временски услови во 1946 година.

Заклучок

Метеоролошките податоци прегледани погоре покажуваат дека времето било многу добро за жетва во текот на воените години (малку понеповолно во 1943 година). Ова несомнено придонесе за способноста на Советскиот Сојуз да ја преживее војната без големо гладување. Влошувањето на временските услови во 1946 година беше навистина многу екстремно, и беше голем придонес за гладта во тие години. Ако сушата од 1946 година се случила три или четири години порано, наместо доброто време од 1941 година и 1942 година, општествените и политичките резултати можеа да бидат критични.

Достапните податоци за производството, бербата и залихите на жито не го поддржуваат тврдењето на Зима дека огромни количини жито биле достапни, кои лесно можело да бидат искористени од Сталин за да се избегне оптоварување на селанството. Такви залихи не постоеле, а во контекст на Светската криза со храна од 1946–1947 година ќе се наидело на големи тешкотии да се увезат количини на жито во овие години.

Светската криза со храна од 1946-1947 година беше најсериозниот глобален недостиг на храна во модерната историја, кога гладта истовремено ја загрозуваше Централна и Источна Европа, Индија, Индо-Кина и Кина, а во Британија беше воведено рационализирање на леб за прв пат во историјата.[17] Британската и американската влада побараа помош во храна од Сталин да ја олесни светската криза со храна без да бидат свесни за ситуацијата во СССР. Меѓународниот контекст на советската глад од 1946-1947 година беше неверојатно различен од 1921 година, кога Америка беше во можност да обезбеди помош во големи количини на жито за Русија.

Соочен со сериозен недостиг во производството на жито и со мали изгледи за надворешна помош, природниот одговор на режимот беше силно да ги притисне селаните да собираат жито, и да го намали бројот на оние што добиваат државно жито. Значајно е што најголемиот дел од кратењата беа направени за работниците и вработените во руралните области кои биле главните жртви, а не селаните или урбаните работници, иако е потребно повеќе работа за да се дознае што точно се случило со овие различни класи на луѓе.


Фусноти

[1] Зима како свои извори за овие изјави ги наведува Gosudarstvennyi Arkhiv Rossiskoi Federatsii (понатака GARF), fond 5446, opis 49, delo 3539, pp. 26–27, за бројката од 10 милиони за 1 февруари 1947 година и Rossiskii Gosudarstvennyi Arkhiv Ekonomiki (понатака RGAE), fond 8040, opis 8, delo 360, p. 38 за неговиот извор за бројката од јуни 1947 година. Во фуснота тој тврди дека Микојан бил првиот што го открил „огромното“ ниво на залихи на жито од ова време во неговиот вовед за Љубимов (1968, р. 5).

[2] Filtzer го цитира Zima во поддршка на овој аргумент; види исто Filtzer (2002, ch. 2).

[3] Освен временските услови, очигледно ималo несоодветна понуда на работна сила и влечна моќност што предизвика одложувања и проблеми во брзото извршување на теренските операции (види Arutyunyan 1963)

[4] Voznesenskii review of Osinskii and TsGK in RGAE, fond 4372, opis 36, delo 1407, pp. 20–26.

[5] Види ги извештаите на OSS, R&A No. 1355.5 in US National Archives (USNA) 087.3 71092 No. 1355.5.

[6] Забележете ги и дезинформациите што ги рашири Раковски, кога во меѓународниот печат протече лажна приказна дека имало оптоварување на внатрешните резерви на жито бидејќи овие резерви трупале.

[7] RGAE, fond 8040, opis 8, delo 360, pp. 44–45.

[8] Sotsialistichekoe Zemledelie, 20 June 1946.

[9] Department of State Incoming Telegraph, Moscow via War, 9 July 1946, US National Archives, 861.5018 file 7-946, достапно на микрофилм.

[10] GARF, fond 5446, opis 49, delo 1614, pp. 54–57, репродуцирано кај Popov (1992, pp. 41–42).

[11] Една од овие мерки беше да се бара жито како репарација од зоните контролирани од Советскиот Сојуз во Германија и Кореја и да се врати житото дадено на овие зони порано од Советскиот Сојуз како заеми.

[12] Pravda, 30 August 1946.

[13] Погледнете го извештајот на Патоличев до Сталин за овие средби во GARF, fond 5446, opis 59, delo 25, pp. 110–19, репродуциран во Politbyuro TsK VKP(b) (2002, pp. 215–21).

[14] Rossiiskii gosudarstvennyi arkhiv sotsial’no-politicheskoi istorii (RGASPI), fond 558, opis 11, delo 765, pp. 116–18, репродуциран во Politbyuro TsK VKP(b) (2002, pp. 221–23).

[15] RGAE, fond 1562, opis 41, delo 239, p. 222.

[16] Овие податоци се достапни на интернет преку соработка помеѓу двата главни центри за климатски податоци на Соединетите Американски Држави и Русија: Националниот центар за климатски податоци (NCDC), во Ешвил, Северна Каролина, и Серускиот истражувачки институт за хидрометеоролошки информации-Светски центар за податоци (RIHMI-WDC) во Обнинск, Русија (види Razuvaev et al. 2007).

[17] Прашањето за светската криза со храна во 1946–1947 година е главно недоволно истражена тема на која моментално работи тим со седиште на Универзитетот во Мелбурн.